Фото: Архива / Илустрација

МВР информира дека вчера во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М. (34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце.

-Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок – наведуваат од МВР.