Илустрација: / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во тек е нова полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека се извршени претреси на повеќе локации и дека во моментот се продолжува со дел од претресите.

Повеќе информации најавуваат по завршување на истрагата.

Дел од медиумите објавија дека се пронајдени автоматско оружје, пушки и пиштоли во Арачиново.