фото: Пиксабеј

Полициска акција вчера вечерта се спроведувала на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.

Дел од медиумите јавија дека се вршат претреси во Арачиново и на други делови од Скопје и државата и дека веќе има уапсени лица.

Од Министерството за внатрешни работи најавија повеќе детали во текот на денешниот ден.