Фото: Маја Јаневска Илиева

Почина повредениот во престрелката што попладнево се случи во близина на полициската станица на Бит Пазар, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА.

-Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите – посочуваат од МВР.

Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит Пазар се случило пукање од огнено оружје.

Констатирано е дека се работи за вооружена престрелка, а едно личе што било повредено итно било пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

– Денеска (25.04.2025) околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“- стои во соопштението од МВР.

Оттаму посочија дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.