Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките денес изгореа на улицата „11 Октомври“ во центарот на Скопје.
Изгаснат пожарот во центарот на Скопје
Како што информираше, во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.
-Ова е трет пожар откако сум јас градоначалник. Според досегашните информации, причината за трите пожари е иста, а тоа е диво вселени граѓани кои се причинители на самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација, а дополнително во текот на денот ќе се произнесеме, е дека има сопственост на бараките и на земјиштето, има ДУП што е во важност и не гледам кои се причините за некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го урне истото и да гради – рече Герасимовски.