Фото: МИА

Судот од Кичево определи 30-дневен притвор за таткото Ф. Д. ( 30), кој e осомничен за претепување на својата двегодишна ќерка, која почина на скопската Клиника по 22 дена борба за живот. Против него е поднесена кривична пријава за убиство.

– Тој, на 18.12.2023 година, околу 21 часот, во семејната куќа во Кичево, при вршење семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на својата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што на 8 јануари починала – велат од СВР Охрид.

Мажот е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор – Битола“.