Фото: Илустрација

„Пошта на Македонија“ информира дека нејзиното име е злоупотребено во изманичка кампања преку социјалната мрежа Фејсбук и апелира до граѓаните да бидат внимателни.

Од „Пошта“ истакнуваат дека не стојат зад објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 денари.

– Повторно се злоупотребува името на „Пошта“, овојпат преку социјалната мрежа Фејсбук. Се работи за измамничка кампања која го користи логото на „Пошта“, а зад тоа стои лажна веб-страница која испраќа пораки. Сакаме да ги известиме нашите корисници дека „Пошта“ не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта“ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб-страница, наведува „Пошта“ во соопштение.

Потсетува дека секое неовластено претставување во име на „Пошта“ претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

– Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk – укажуваат од „Пошта“.