Полицијата вчера спроведе координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи, а се однесуваше на контрола на возила кои превезуваат деца.

Како што информираа од МВР, исконтролирани биле 249 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 102 локации, при што биле констатирани 8 кривични дела за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 48 прекршоци.

Во станица за технички преглед биле упатени 41 возило, а од сообраќај биле исклучени 11 возила кои вршат јавен превоз поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 277 полнолетни средношколци, а извршени се 2.211 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.