Илустрација / Фото: Пиксабеј

Холандски државјанин бил спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе, соопшти РЦУК Гостивар.

Сообраќајката се случила вчера доцна попладне по што од ПС во Маврово и Националниот парк Маврово се упатиле кон местото на инцидентот.

Странскиот државјанин бил извлечен без повреди и пренесен во Маврово.