Илустрација / Фото: Пиксабеј

Четириесет и деветгодишник починал возејќи кај кичевско Бигор Доленци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 6.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот. Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л., на возраст од 49 години, од селото Лисичани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош – се појаснува во соопштението.

По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.