Битолската полиција вчера на улица „Нико Фундали” во Битола го лиши од слобода
25-годишниот битолчанец Ш.М., кој од страна на полицајците бил затекнат при извршување кражба во објект во сопственост на неговиот сограѓанин Д.П. (45).
Притоа полицијаците кај Ш.М. пронашле украдени предмети, кои подоцна му биле вратени на сопственикот.
Ш.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. М.М.