На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со меѓународна потерница.
– Вчера во 7:55 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н.(20) од Република Албанија. При гранична контрола било констатирано дека се бара од Интерпол Норвешка – информираше денеска Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.