Полицијата приведе 39-годишен дилер на хероин во Кичево.

Според информациите на МВР, денеска во 15:30 часот на ул. Нико Пушоски во Кичево полициски службеници го привеле З.Б.(39) од Кичево, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени 44 пакувања хероин.

Лицето е приведено во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.