Полицијата го уапсила Д.А. (24) кој е осомничен за убиството на неговиот татко С.А. (55), што се случи синоќа во близина на Клиничкиот центар во Скопје. На убиството му претходела семејна расправа.

– Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23.15 часот на ул. „Бигла“ во Скопје, при семејна расправија, со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопшти МВР.