Фото: Принт-скрин

Полицијата ги обезбедува просториите на туристичката агенција „Беса Транс“ во Скопје, пред која утринава се собрани граѓани кои бараат информации за нивните најблиски по сообраќајната несреќа во Бугарија.

Станува збор за роднини и пријатели на дел од патниците кои се превезувале во автобусите на „Беса транс“ кои се враќале од Турција. Дел од нив посочуваат дека не можат телефонски да ги добијат нивните роднини.

Агенцијата моментно е затворена, додека се чека да пристигнат вработените.

Според првичните информации, 46 македонски државјани ги загубија животите во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која се запали автобус што се враќал од Истанбул.