Во доцните вечерни часови на 3 јануари на улицата Бетовенова од припадници на струмичката полиција уапсен бил Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.

Како што информираат од МВР, при преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полицајците со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух.

За напаѓачите ќе бидат преземени соодветни мерки, а Ш.М. бил спроведен до затворот во Скопје за издржување на казната.