Полициски службеници од Тетово вечерва пронашле и одземале 27.594 парчиња разни пиротехнички средства во објект на улица Илинденска во сопственост на С.М. (41) од
Мала Речица. Тој е приведен за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.