Дваесет и пет бугарски пожарникари кои беа испратени да помогнат во гаснењето на пожарите во Македонија се вратија во Благоевград и во Смолјан, откако една недела со три противпожарни возила се справуваа со огнот на неколку локации во државава.

Тие пристигнаа во Делчево и во Пехчево на 4 август во ситуација кога пожарот се доближуваше до границата со Бугарија.

Во Македонија има уште 27 бугарски пожарникари кои ќе учествуваат во борбата против пожарите се до нивното потполно ганење.