Синоќа во 20.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пресил-с.Бучин, Крушевско, возило „фиат пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од Битола, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крушево.