Во возило во водите на Брегалница е пронајдено телото на 51-годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за исчезнат.
Во четвртокот тој заминал на риболов во атарот на село Илиово, по што му се губи трагата. Од МВР соопштија дека тој бил пронајден заглавен во неговиот автомобил во реката.
Телото на починатиот полицаец било извадено од реката синоќа околу 23 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“.
На местото на настанот излегол Јавен обвинител, а телото на починатиот е предадено на обдукција. Засега деталите за несреќата не се познати.