Фото: Ка.М.

Голем пожар избувна на покрив на текстилна конфекција „Тила“ во Прилеп. Пожарот избувна околу 13 часот, на покрив со фотоволтаици.

Повеќемина пожарникари со 4 возила го гаснат огнот. Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Засега не е позната причината за појавата на пожарот. Пожарникарите веќе еден час и половина се борат со огнот.

Конфекцијата „Тила“ произведува производи за деца. Ка.М.