Топлото време и пеколните температури ги испразнија скопските улици.
На 15 километри од центарот на Скопје е кањонот Матка, кадешто температурата е пониска за неколку степени, па многу скопјани разладување од пеколните температури го побараа во водите на реката Матка.
Низ фотообјективот на нашата фоторепортерка Маја Јаневска Илиева ви пренесуваме дел од пријатната атмосфера, во која подеднакво уживаат и децата и возрасните.