Фото: Маја Јаневска Илиева

Стотина млади луѓе се собраа попладнево скопскиот Градски парк и со едночасовен молк им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.

Собирот беше најавен на социјалните мрежи од групата „Студентски пленум“ за во 16.30 часот, а едночасовниот молк започна во 16.59 часот. Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот.

Групата „Студентски пленум“ на Фејсбук, не е иста со таа на Студентскиот пленум од 2014 година.