Фото: Принт-скрин

Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје ќе го одржи својот првиот академски час утре во 12 часот, со свечена церемонија на доделување на индекси на новите студенти од генерацијата на студиската 2022/23 година.

Почесен гостин на првиот академски час ќе биде прославениот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, кој на оваа церемонија ќе биде прогласен за PROFESSOR HONORIS CAUSA на ИУ ЕУРОПА ПРИМА.

Воедно на Драган Бјелогрлиќ ќе му биде врачена и престижната награда EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – SEE FILM FESTIVAL Paris-Berlin Washington.

Драган Бјелогрлиќ е еден од најголемите српски актери, режисери и продуценти. Покрај успешната актерска кариера која трае 40 години, во последните две децении тој се посвети и на продукција и режија на филмови и ТВ емисии, со што стана еден од најпознатите и најуспешните кинематографски творци во целиот регион. Како актер, оствари преку 90 улоги во филмови и ТВ серии.

Режирал три филма кои донеле 2.500.000 гледачи во кината, што го прави најуспешен режисер на Балканот во последните десет години.