Жителите на скопската општина Аеродром добија струја, околу 14 часа откако беа исклучени од дистрибутивната мрежа, по вчерашното кратко невреме.
Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.
Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети – паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови….