Фото: Ка.М

Дваесет и пет годишниот Бобан Тошески беше најсреќниот во Прилеп и го фати крстот во осветените води на базенот Салида.

Тој беше најбрз во 130 прилепчани, момчиња и девојчиња, кои скокнаа во водите на базенот.

Тошески, шести пат скокал на овој ден и сега му се посреќи да го фати крстот.
– Првпат го фатив крстот иако шести пат скокам. Првпат кога се одлучив да скокам беше во Охрид. Многу сум среќен и на сите им посакувам многу здравје, среќа..Работам во приватен сектор – изјави Тошески, кој доби пригодни награди од општествено одговорни компании.

Од Општина Прилеп фаќачот на крстот доби пригодни подароци- крст и икона, кој му ги врачи градоначалникот Борче Јовчески.

Крстови во осветени води се спуштаа во уште 20 места.

На месноста Плетвар, на уникатен начин, по петти пат се осветија водите на Плетварското езеро во кое во осветените води влегоја 180 лица.
Празникот Богојавление Водици со литургии беше одбележан во сите прилепски храмови. Ка.М