Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го посетил семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства.
– Денес го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, за да им дадам сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на УЧК. Правдата одложува, но не заборава, напиша Ахмети на неговиот официјален фејсбук профил.
Тој најави дека гордо ќе го пречекаат Тачи со пријателите кога ќе се врати, како што рече, како победник на правдата.
Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства.