Почина Момо Николоски, македонскиот пејач кој не успеа да ја добие битката со тешката болест.

Тажната вест ја објави неговата сопруга на „Фејсбук“, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.

Неговата сопруга редовно информираше и за здравствената состојба на Момо при неговата хоспитализација. Таа бараше помош и поддршка за Момо.