Фото: Маја Јаневска-Илиева

Железници на Македонија информираат дека од 15 јуни се воведува тарифска понуда „Сити стар“ за повратно патување на релација од Скопје до Солун.

Цената на возниот билет е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, велат од железникото претпријатие во објавата на нивниот сајт.

– Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари – соопшти МЖ Транспорт.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.