Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација“.

Од јавното претпријатие информираат за МИА дека се работи за пракса која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопскиот маратон“ и посетата на ВИП личности.

Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.