Адвокатската комора ја отфрли дисциплинската постапка против адвокатот Јовица Страшевски, а по пријава на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Во пријавата на Џолев е наведено дека адвокатот Страшевски вршел притисоци и закани кон судот и ја навредувал работата на останатите адвокати.

Адвокатската комора констатирала дека не постои основано сомнение за сторена дисциплинска повреда од страна на Страшевски. Во заклучокот на Адвокатската комора се додава дека доколку Џолев смета оти со дејствијата на адвокатот е причинета штета или е повредено некое право, може да побара судска заштита.