Армијата на Република Македонија најенергично демантира инволвираност во организирана форма во случувањата на 27 април 2017 година, при тоа напомнувајќи дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста.
– Преку пласирање на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија – се вели во соопштението од АРМ.