Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура од нула до осум степени, а дневната температура ќе се движи од пет до 14 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 11 степени.
Следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови и во крајните југоисточни подрачја ќе бидат пообилни. Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.