Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19: Скопје – 27, Штип – 2, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.
Регистрирани сe 33 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Прилеп и Кавадарци – по 3, Охрид – 2.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.271 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241.