На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а врота доза примиле 636.193 граѓани.

Според Министерството за здравство, со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови во државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, појаснуваат здравствените власти.

Апелираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од неа, потенцираат од Министерството.