Во последните три дена во земјава се регистрирани 108 нови случаи на ковид-19 од направени 976 тестирања. Оздравени се 135 лица, а во истиот тридневен период регистрирани се три починати лица.
– Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.9 до 2.10.2022) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции, информираат од Министерството за здравство.
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Во текот на изминатите три дена (30.9 – 2.10.2022) пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.