Денес се навршуваат шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако на почетокот таа организација го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 како пандемија со неколку жаришта, пренесува ТАСС.

– Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е со глобални напори и модерна технологија, таа да биде ставена под контрола за две години – се вели во соопштението на СЗО.

Во него се наведува дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат себеси, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.

СЗО исто така верува дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана главно заразен на ист начин.

– Човечките вируси можат да напредуваат, да станат повеќе или помалку патогени. Врз основа на сегашната евиденција на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети – соопшти СЗО, додавајќи дека промените на вирусот постојано се следат.

Како што се додава, иако ковид-19 е нов вирус, за него веќе се знае многу.