На вчерашната седница, за првпат откако е конституиран Советот на Битола, локалната власт предводена од СДСМ го изгуби мнозинството.

На предлог на советничката листа „Поинаку“, побарана е информација и решавање на проблемот со загаденоста и смрдеата на водата во реката Драгор на влезот во Битола. За предлогот гласаа и тројца советници од мнозинството.

Имено, со 16 гласови за, наспроти 15 против од страна на локалната власт, советниците ја изгласаа точката да се подготви информација за тој проблем. Тоа е првпат откако е конституиран Советот локалната власт да биде надгласана од страна на опозицијата.
Овој пат иницијативата на опозицијата ја поддржаа и тројца советници од мнозинството на СДСМ.

За предлогот на независната советничка Габриела Илиевска гласаа и советниците од ДОМ, ДУИ и листата на пензинери. На тој начин локалната власт го доживеа првиот пораз во Советот на Битола, што ги загрижи советницте од мнозинството. М.М.