Фото: Џо Бајден/Твитер

Американските сенатори во средата, по низа проблеми поради „протекување“ на разузнавачки податоци, пред Горниот дом на Конгресот поднесоа предлог-закон според кој Националниот архив на САД ќе треба да го прочешла секој материјал што ќе излезе од Белата куќа за да не се најдат доверливи документи во неа.

Пронајдени беа доверливи материјали кај поранешниот претседател на државата Доналд Трамп, но и кај актуелниот претседател Џо Бајден и поранешниот потпретседател Мајк Пенс. Згора на тоа, млад припадник на Воздушната национална гарда е обвинет дека објавил стотици страници со безбедносни проценки на Пентагон – и ги објавил во група за „чет“ на Интернет – пренесува Бета.

Според двата нацрт-закони претставени вчера во Сенатот, секогаш кога шефот на државата сака да класифицира мешавина од официјални и неофицијални документи како лични документи, официјалниот архивар прво ќе треба да спроведе безбедносна проценка за да утврди дека нема доверлив материјал.

И кај Бајден и кај Трамп и Пенс, беше пронајден доверлив материјал помешан со лични досиеја.

Предложеното законодавство ќе бара од сите 18 американски безбедносни агенции да развијат програма за борба против „инсајдерски закани“ и да ја следат активноста на сите корисници на заштитените мрежи за да се спречи „протекување“ на доверливи информации.

„Инспирација“ за ова е лицето обвинето за протекување на безбедносни проценки на Пентагон, кој наводно ги испечатил документите и ги прошверцувал низ контролираните области.

Од американските безбедносни агенции се бара да декласифицираат дел од информациите и да го ограничат споделувањето на доверливи материјали.

Реновирањето на системот за декласификација одамна е приоритет за многумина во Комитетот за безбедност на Сенатот, како долгорочен начин да се намали бројот на „протекување“ и да се заштитат најважните тајни на Америка.

Речиси четири милиони Американци имаат пристап до доверливи материјали, а многу официјални лица одамна рекоа дека американските шпионски агенции, користејќи застарени системи, декласифицираат премногу информации, а декласифицираат премалку, при што премалку луѓе контролираат што всушност може да се открие на јавноста.

Американскиот национален архив допрва треба да ја коментира најновата законска иницијатива во Сенатот што ќе донесе дополнителна работа.