Пратеникот на Доналд Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф отпатувал во Катар и Израел за да започне дипломатскиот притисок во име на новоизбраниот претседател на САД и да помогне да се постигне прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците пред Трамп да ја преземе функцијата на јануари 20, објави „Ројтерс“.
Пратеникот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, во ноември се состанал со премиерите на Катар и Израел за да ги започне дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.
Оваа информација ја потврди катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
– Виткоф ги посети Катар и Израел во ноември како дел од напорите да се постигне договор пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари – изјавил извор на „Ројтерс“.
Состаноците го означуваат враќањето на Катар на клучната посредничка улога, која претходно ја прекина минатиот месец.
Изворот наведува дека преговарачите од Хамас наскоро може да се вратат во Доха за да продолжат со преговорите.