Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со воведување нов производ – Промотивен депозит плус, со атрактивни фиксни каматни стапки, кои достигнуваат и 2,4% годишно за депозити на 36 месеци. Депозит плус е погоден за
клиентите што се заинтересирани да штедат во денари на подолг период.

Станува збор за орочен депозит со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на орочувањето на 24 и 36 месеци. Со овој производ, депонентите што ќе отворат традиционален депозит во денари добиваат 2,2% фиксна годишна каматна стапка за
денарско штедење на 24 месеци, односно 2,4% за денарско штедење на 36 месеци. Кај
Депозит плус постои можност за месечна и рочна исплата на камата, додека минималниот влог за отворање на овој депозит е 2.000 МКД.

Промотивниот период на понудата е предвидено да трае до 20.9.2022 година.

Повеќе детали за овој производ можете да пронајдете на веб-страницата на Шпаркасе Банка на следниот линк.

Шпаркасе Банка претставува сигурен и стабилен партнер, дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа која бележи повеќе од 200 години традиција во штедење.

Штедењето е корисна навика што подразбира редовно издвојување определен процент од приходот за обезбедување економска сигурност и полесно справување со очекуваните и неочекуваните трошоци или, едноставно, за исполнување некоја поголема желба.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Комерцијална објава