Ел Салвадор го прифати биткоинот како ниту една друга држава со купувањето на стотици дигитални монети минатата година кога ја прифати најпопуларната светска криптовалута како законско средство за плаќање. Ел Салвадор минатата година година ги најави и плановите за изградба на првиот светски „биткоин-град“ инспириран од градовите основани од славниот војсководец Александар Македонски, како што соопшти претседателот на централноамериканската држава Најиб Букеле, зацврстувајќи ја определбата кон најпопуларната светска криптовалута со цел да привлече инвестиции.
Салвадор ќе го подига првиот „биткоин-град“ инспириран од Александар Македонски
Но со заладувањето на пазарот на криптовалуттите, инвестицијата на централноамериканската држава забрзано ја губи вредноста, наведува „Си-ен-ен“, проценувајќи ја досегашната загуба на 52 милиони долари.
Од септември минатата година, владата на Салвадор предводена од претседателот Најиб Букеле собра 2.301 биткоин кои имаа вредност од 103 милиони долари, додека сега вредат 51 милион долари.
Крипто-пазарот растеше за време на пандемијата, но трпи пад во изминатите неколку месеци, со што цената на биткоинот вчера падна на 22.667 долари. Тоа е за околу 65 отсто пониска вредност од рекордната.
Салвадорската биткоин-револуција ги јаде своите деца
Но и покрај ваквата ситуација, Букеле изрази ентузијазам сметајќи дека криптовалутата не пропаѓа. Министерот за финансии на Ел Салвадор изјави дека падот на биткоинот претставува само мал процент во државниот буџет, на што Букеле реагираше на Твитер, пишувајќи „значи ми велиш дека треба да купиме повеќе биткоини“.
Салвадор дури ги зголемува биткоин-резервите. Државата купи 420 биткоини по цена од околу 60.300 долари во октомври, додека на 9 мај претседателот Букеле најави дека купиле уште 500 дигитални монети по цена од 30.744 долари, наспроти падот на вредноста на криптовалутата.
Чувајте се од „голиот“ претседател што тргува со биткоин
– Кога ми велат дека фискалниот ризик за Ел Салвадор е навистина висок поради биткоинот, единствено што можам да сторам е да се насмеам. Фискалниот ризик е екстремно минимален – кажа министерот Алехандро Зелаја на прес-конференција.
Тој се осврна на тврдењата дека портфолиото на Салвадор загубило 40 милиони долари во вредност, велејќи оти таа сума не преставува ниту 0,5 отсто од државниот буџет.
Вкупната вредност на крипто-пазарот падна под трилион долари за првпат од февруари минатата година, откако годинава се искачи и над три трилиони долари.