Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на вчерашната одлука.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3 ден/лит.
Од 4 јуни од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 109 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 111,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 99,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)