Фото: „Нова Македонија“

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7% во однос на одлуката од 29 април.

Од утре, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,5 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,438%, кај дизелот за 2,100%, кај екстра лесното масло за 2,605% и кај мазутот намалувањето е за 1,907%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407%.