Со уште само седум дена до почетокот, Винодонија 2024 ветува уште една незаборавна винска манифестација која ќе го обедини најдоброто од светот на виното. На 13-ти и 14-ти декември, хотел „Мериот“ во Скопје ќе биде домаќин на над 70 винарии од Македонија и странство, кои ќе изложат повеќе од 500 врвни вина, нудејќи уникатно искуство за винската публика.

Овој салон има за цел да ја подигне винската свест, да ги зближи љубителите на виното со најдобрите производители и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи.
Освен извонредниот избор на вина, Винодонија и оваа година донесува ексклузивен гастрономски дел, со присуство на над 15 изложувачи, кои ќе презентираат деликатеси што совршено се надополнуваат со виното.

Посетителите ќе имаат ретка можност да учествуваат и во едукативни активности кои ќе го збогатат нивното знаење и љубов кон виното. Програмата вклучува седум мастер класи и работилници водени од светски и домашни вински експерти.
Проект-менаџерот на Винодонија 2024, Дејан Донев, истакна дека оваа манифестација е повеќе од изложба на вина.
