Компанијата „Интервју“ од Белград, основана во 2018 година, претставува интернет-платформа, односно социјална мрежа за претприемачи, чиј цел се поврзувањето и соработката заради постигнување на работни успеси.

Покрај примарната услуга која подразбира неограничена комуникација на деловни субјекти, на располагање се и консалтинг-услугите, агенција за преведувач, агенција за човечки ресурси и вести од регионот на секојдневно ниво, во соработка со локалните медиуми.

Замислата и постоењето на интернет-платформата пружа увид во голем број на компании со различни дејности, информации, здрава конкуренција, реален однос на понуда и побарувачка, следење на статистиката на развојот на малите и средните компании, и што е најбитно, потенцијална соработка.

Поврзувањето на претприемачите од државите на поранешна Југославија е битно, бидејќи ја унапредува економијата. Тоа е неизбежен процес што води до просперитет и создава подлога за парирање на светските платформи, во чија трка дефинитивно се вклучуваме со позитивниот став на нашите работодавци, кои ги прифаќаат климатските промени во сферата на економијата што се развива со неверојатна брзина.

Платформата настана како здрав рефлекс на потребите на пазарот и можностите кои ги пружаат современите технологии. Финалната амбиција на трговската платформа „интервју“ се согледува во поврзувањето на балканскиот пазар со евроазискиот пазар и на другите континенти. Токму ваквиот вид на деловен концепт им пружа сигурност и можност на идните партнери во интерес на остварување успех во досега неистражени региони.