Цената на најпопуларната светска криптовалута, биткоин, продолжи да расте и денес, откако во неделата го надмина нивото од 50 илјади долари.

Биткоинот се тргуваше по вредност од 51.843 долари, по монета, утрово до 8 часот по средноевропско време, што претставува зголемување од речиси 4 проценти во однос на претходниот ден.

Виртуелната монета зајакна за вкупно 81 отсто од годинешниот минимум од 27.734 долари, забележан на 4 јануари.

Аналитичарите велат дека порастот над клучното психолошко ниво од 50.000 американски долари дојде откако упатените од индустријата за криптовалути сугерираа дека податоците за инвестициите на големите компании и институционалните инвеститори во набавки на биткоин би можеле да бидат јавно објавени наскоро.

Глобалната капитализација на пазарот за криптовалути денес изнесува 2,34 трилиони долари, според порталот „Мани контрол“, што претставува зголемување од 2,79 проценти на дневна основа, додека вкупниот обем на тргување падна за 6,37 проценти во последните 24 часа, на 118,2 милијарди долари.

Исто така, Етериум денес забележа пораст на вредноста од 0,6 проценти на 3.920,56 долари.