Променливо облачно време со повремени сончеви периоди нè очекува денеска. Попладне и кон крајот на денот, на повеќе места низ земјава, се очекуваат врнежи од дожд.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 12 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимална температура од 6 и максимална до 14 степени.
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се најавува и во наредните денови. Сепак, под влијание на јужно воздушно струење, од утре температурите постепено ќе растат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Покрај затоплувањето, во наредните денови ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Од среда, ветерот повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, особено во западните делови од земјава.































