Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук

Општина Центар одбележа 50 години од формирањето на локалната самоуправа со свечен прием и доделување на признанијата „Феникс“ за животни постигнувања на истакнати личности кои оставиле значаен белег во општествениот, културниот, спортскиот и јавниот живот.

На свеченоста, градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на сите кои низ годините придонесувале за развојот на општината, на вработените, училиштата, градинките, соработниците, а особено на граѓаните за нивната доверба, поддршка и конструктивни предлози.

-Да го чуваме она што ни го оставиле генерациите пред нас и да создадеме нешто вредно за генерациите по нас. Секоја генерација оставила свој белег во приказната за Центар и на сите нив им должиме благодарност и почит – истакна Герасимовски.

Овогодишни добитници на признанието „Феникс“ се Васил Тупурковски, професор, правник и политичар; Зоран Михајлов, доајен на спортското новинарство; архитектот и урбанист Мирослав Грчев; актерите Магдалена Ризова Черних и Ѓокица Лукаревски; композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев; д-р Марија Весова, анестезиолог, и Тодор Тасевски – Тото, кој со децении го негува боемскиот дух на Скопје.

Осврнувајќи се на изминатите пет години од мандатот, Герасимовски истакна дека во фокусот на локалната самоуправа биле потребите на граѓаните и конкретните промени во нивното секојдневие.

– Да се биде градоначалник на Општина Центар е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Од првиот ден се водев од една едноставна мисла: секоја наша одлука треба да има смисла за луѓето што живеат тука. Понекогаш најважно е едно дете да добие подобри услови за учење, едно семејство место во градинка, еден повозрасен сограѓанин да почувствува дека не е заборавен. Во изминатите пет години, заедно со тимот, Советот и вработените, работевме токму на тоа: подобри услови за живот и зачувана блискост меѓу луѓето, маалските дружења и традициите што нè поврзуваат – истакна Герасимовски, честитајќи го јубилејот на сите жители на општината.

Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук
Фото: Горан Герасимовски/Фејсбук