Фото: Архива

Во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров, пронајдена е мртва 76-годишна жена со видливи траги на насилство.

Од Министерството за внатрешни раоти (МВР) информираат дека случајот бил пријавен денеска во 09.18 часот, откако ќерката ја пронашла својата мајка без знаци на живот.

– Денеска во 09.18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство – информираат од МВР.

Телото е предадено на обдукција, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Од МВР посочуваат дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините за смртта и целосно расчистување на случајот.